Connect with us

Фудбал

Лука Јовиќ не се откажува, сака да се докаже во Реал!

Во последните неколку месеци, толку многу прочитавме шпекулации за трансфер, поврзани со името на српскиот напаѓач Лука Јовиќ, што стана веројатно најздодевната тема во светските спортски медиуми.

Приказната е веќе позната – минатото лето Реал на Ајнтрахт Франкфурт плати 60 милиони евра, но потоа Јовиќ одигра катастрофална сезона и наводно се појавија доста клубови кои го сакаат.

Некои од тие екипи се Наполи, Арсенал и Милан, но како што обично се случува, приказната од ден на ден се менува. Сега се вели дека тој сака да остане во Реал по секоја цена и да се докаже следната сезона.

Потсетуваме, покрај маките на Јовиќ да се прилагоди, стигна и повредата на ногата пред неколку дена, па сезоната веројатно е завршена за него. Без оглед на сè, српскиот напаѓач не сака да признае дека е готово и има намера да остане за да го убеди Зинедин Зидан и навивачите следната сезона дека тој е играч вреден за исплатените пари.

И ќе биде многу тешко затоа што одамна не сме виделе ниту еден играч на Реал толку многу да биде критикуван.

Сепак, ако може повторно да го направи она што направи во Франкфурт, тогаш сигурно има место за него на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.