Connect with us

Фудбал

Лука Јовиќ оди во Англија, но не во Арсенал?

Лука Јовиќ би можел да замине во Англија во зимскиот преоден рок, но не и во Арсенал.

Реал Мадрид бара да го донесе Пјер-Емерик Oубамејанг од Арсенал и наводно е подготвен да му понуди пари и Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач сепак би можел да заврши во Вест Хем.

Кралскиот клуб исто така размислува да му дозволи на Јовиќ да замине на позајмица, а тоа сака да го искористи лондонскиот клуб и да го донесе во јануари.

Јовиќ би можел да биде одлично погоден за овој тим, бидејќи негов напаѓачки партнер би бил неговиот поранешен соиграч на Ајнтрахт Франкфурт, Себастијан Халер.

Зидан не смета на 21-годишниот напаѓач како што напредува сезоната, па затоа би било најдобро за него да го напушти Мадрид доколку сака да игра.

Оваа сезона Јовиќ забележа 13 настапи во дресот на Реал Мадрид и постигна само еден гол, иако беа вложени 60 милиони евра за него ова лето.