Connect with us

Фудбал

Лука Модриќ му кажа „да“ на Интер

Лука Модриќ се согласи за трансфер во Интер, утрово пренесува италијански „Calcionews24“.

Последните неколку денови се почесто се зборува дека најдобриот фудбалер на овогодишниот Мундијалво Русија ќе премине во Интер, а „тишината“ од негова страна како да оди во прилог на тоа.

Италијанскиот медиум „Calcionews24“ утрово објави дека Модриќ се согласи за трансфер во редовите не „Нероазурите“ и дека Флорентино Перез има намера да го соопшти утре. Инаку Лука вчера се врати во Мадрид после паузата поради мундијалот во Русија, а утре за прв пат ќе се појави на тренингот.

Тоа ќе биде и шанса да позборува и со претседателот Перез и наводно ќе му ја соопшти одлуката. Истиот Извор пренесува дека Лука најмногу го привлече добрата финансиска понуда на Интер, затоа што клубот од Милано му понуди 10 милиони евра годишно и договор за четири наредни сезони.

Тоа би го направило трет најплатен фудбалер во Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо.

Секако во прилог на овој трнасфер и фактот дека Интер не се „натпреваруваше“ многу за Артуро Видал кој на крајот заврши во Барселона, а на крајот неговата замена би можела да ги одушеви „Нероаџурите“.