Connect with us

Фудбал

Лука Модриќ призна затајување на данок

Фудбалерот на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ признал дека затаил данок и ќе плати 870.728 евра на шпанските власти.

Тој беше обвинет дека заедно со својата сопруга ја оштетиле Шпанија на тој начин што во Луксембург основал компанија, со цел избегнување на плаќањето даноци во 2013 и 2014 година.

Причината е тоа што во Луксембург данокот може да се намали на само еден процент, а во Шпанија даноците се движат од 30-51 процент.