Connect with us

Кошарка

Лука Стојановски со нов договор со Академија ФМП

Лука Стојановски ја продолжува верноста кон Академија ФМП со потпишување на нов договор во времетраење од 2 години, со можност за продолжување на уште една дополнителна.

“Во првата моја сезона во овој клуб сум задоволен од постигнатото, како на индивидуален план така и тимски, воедно ја остваривме целта на тимот за опстанок во првата лига. Очекувањата за следната сезона со новиот тренер се поголеми со што ќе допринесеме сите да се задржи тимскиот дух за нови успеси и подобра позиција на табелата и сум благодарен за укажаната доверба.“

20-годишниот кошаркар кој настапуваше за сите младински репрезентации на Македонија и е поранешен кошаркар на МЗТ Скопје, минатата година во просек постигнуваше по 7 поени на натпревар.