Connect with us

Фудбал

Лукаку не е пожелен во Торино, ултрасите на Јувентус му испратија брутална порака (ФОТО)

Италијанските медиуми објавија дека Лукаку би можел да ја продолжи кариерата во Јувентус, откако уште од поодамна ги договорил личните услови. Се чека наводно Јуве да го продаде Влаховиќ, па потоа тој да пристигне во Торино. Сепак, таму не е пожелен. Ултрасите на Јувентус преку транспарент му порачаа да остане во Милано.

„Лукаку, остани во Миланo, веќе имаме резервен голман. Никогаш нема да бидеш добредојден овде“, пишува на транспарентот што ултрасите на Јувентус го истакнаа, фотографираа и „закачија“ на социјалните мрежи.


Инаку, претседателот на Интер, Хавиер Занети порача дека Лукаку извршил предавство на Интер и покрај тоа што клубот направил многу за него.