Connect with us

Фудбал

Лукаку „притиска“ да се врати во Интер

Белгиската ѕвезда на Челзи , Ромелу Лукаку стапил во контакт со директорите на Интер и изразил желба да се врати на Џузепе Меаца, подготвен драстично да ја намали својата плата за повторно да го облече дресот на Нероаѕурите. Лукаку минатата сезона со Интер стана шампион на Италија , а потоа се пресели во Челзи, но во Лондон работите за 28-годишниот напаѓач не испаднаа како што веројатно очекуваше. Лукаку има 12 гола на 34 натпревари на сите турнири за Челзи оваа сезона.

Според италијанскиот весник Тутоспорт, Лукаку е во контакт со Пјеро Аусилио и Бепе Марота, прашувајќи дали е можно да се врати во клубот. Подготвен е да ја намали платата за 50%, но за да биде возможен овој трансфер и Интер ќе треба да се раздели со дел од своите играчи, а досега во медиумите често се споменуваат две имиња: Стефан де Фрај и Лаутаро Мартинез.

Доколку Белгиецот се врати во Милан, најверојатно ќе се работи за изнајмување. Новиот сопственик на Челзи тешко дека ќе сака така лесно да се раздели со Лукаку само една година по неговиот трансфер на „Стемфорд Бриџ“ и откако европскиот клупски шампион им плати 113 милиони евра на „нероаѕурите“.