Connect with us

Фудбал

Лукаку реализира на десетти натпревар по ред во Лига Европа и постави нов рекорд

Дизелдорф, 18 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, постави нов рекорд во Лига Европа за најмногу голови во низа. Белгискиот фудбалер постигна гол на десеттиот натпревар по ред.

Лукаку беше двоен стрелец против Шахтјор синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа. Неговиот тим победи со 5:0 и се пласира во финалето каде ќе игра со Севиља.

Дваесет и седумгодишниот Белгиец оваа сезона има направено 50 настапи за Интер во сите натпреварувања и има постигнато 33 гола со шест асистенции. Во Лигата на Европа има пет натпревари, шест гола и две асистенции. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com