Фудбал
Лукаку решен да изврши предавство кон Интер и точка!
Ромелу Лукаку е решен да направи „предавство“ кон Интер по секоја цена. Иако Челзи наводно го убедувал да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, сепак Белгиецот одбивал. Прво инсистирал на трансфер во Јувентус, но тимот од Торино се откажа поради протестите на нивните навивачи кои не го сакаат напаѓачот. Потоа се поврзуваше со Милан, неговиот агент стапил во контакт, но се чини дека за Милан е прескап. На крајот, според италијанските и англиските медиуми Лукаку може да заврши во Рома. Наводно веќе му рекол ДА на Жозе Мурињо, дури бил подготвен да ги намали финансиските побарувања за висината на платата само да се пресели во Рим. Договорот помеѓу Рома и Челзи би бил позајмица на една година.
Како што е познато, Интер гледаше опции да го откупи Лукаку оваа сезона од Челзи, но се откажа откако излегоа информации дека во меѓувреме тој и неговиот менаџер преговарале со лутиот ривал Јувентус.