Фудбал
Лукаку жестоко кон Барела: Не ми мавтај со рацете, престани (ВИДЕО)
Сампдорија успеа да ги издржи сите напади на Интер и да освои важен бод (0:0) во борбата за опстанок, додека „нераѕурите“ полека, но сигурно се оддалечуваат од борбата за титулата. Тие сега заостануваат неверојатни 15 бода зад Наполи и тоа очекувано води до голема нервоза во нивните редови, па на мечот одигран во понеделникот вечерта на стадионот „Луиџи Ферарис“ видовме грда пресметка меѓу двајца соиграчи од Интер.
La bronca de Lukaku contra Barella en el #Inter en el 0-0 de #SampdoriaInter: “Basta, no hagas esto más… vaffanc…”
Se quedan a 15pts del Napoli en #SerieA.
— Mario Gago Huerta (@gago_mario) February 14, 2023
Жестока расправија имаше на крајот од првото полувреме кога Лукаку се налути на реакцијата на Барела кој ги рашири рацете во неверување при промашувањето, со што ја покажа својата фрустрација од потегот на белгискиот напаѓач.
“Не прави го тоа, доста со рацете! Не прави го тоа, не е добро, ме навредува… Престани! Престани! Зборуваше Лукаку кон Николо Барела околу 40. минута, а тој детал го уловија и телевизиските камери, па веднаш се зборуваше за лоши односи во соблекувалната на Интер.
Веднаш тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги се обиде да ја смири ситуацијата на прес-конференцијата, велејќи дека во фудбалот „такви работи едноставно се случуваат“ и дека не треба да се прави бука од тоа: „Не сакам да го гледам тоа, но тие седнаа еден до друг на полувремето и тие се одлични пријатели. Очигледно тоа не е убаво да се види“, додаде тој, додека самите фудбалери не коментираа на оваа тема, но нема сомнеж дека ќе се обидат многу брзо да ги поправат односите. .