Connect with us

Фудбал

„Лут сум на Роналдо и Меси!“

Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги, секогаш се грижеше за неговите рекорди кога станува збор за головите и призна дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го лути.

Инзаги ја заврши играчката кариера во 2012 година, откако го освои Светскиот куп, а исто така беше и двократен европски шампион со Милан. Тој постигна вкупно 70 гола на 115 натпревари на европски натпревари.

Дали изгледа импресивно? Да, но Кристијано Роналдо постигна 131 погодок на 177 натпревари, додека Меси постигна 117 голови на 145 натпревари.

“Јас го користам Роналдо како пример во соблекувалната заради начинот на кој тој тренира и игра, но јас сум лут на него и на Меси. Поради нив, мојот настапот и на Раул изгледаа скромни и таа бројка не е толку импресивна како нивната”, рече Инзаги.

Легендарниот напаѓач на Милан играше за Пјаченца, Парма, Аталанта, Јувентус и Милан, каде мина 11 години и освои многу трофеи.