Фудбал
Лут Тухел: Никој не очекуваше такво нешто
Менаџерот на Челзи Томас Тухел не криеше дека е многу разочаран од играта на неговиот тим на натпреварот против Брентфорд . Сините од Лондон претрпеа шокантен пораз од Стемфорд Бриџ со 1-4, иако први постигнаа гол.
„Никој не очекува такво нешто, особено откако поведовме. Потфрливме во одбраната, а тоа не е својствено за нас. Бевме невнимателни, не ја почувствувавме претстојната опасност и противникот не казни“, изјави Тухел.
An honest assessment on #CheBre from the boss. ⤵️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 2, 2022
„ Брентфорд не здроби за 10 минути. Потоа следуваше период во кој создадовме неколку јасни позиции, но ниту една не реализиравме. Среќата беше кај Брентфорд , но не се браневме како тим во Премиер лигата “, додаде Германецот.
Челзи е на третото место со 59 бодови – пет повеќе од Арсенал , кој сепак има натпревар помалку.