Connect with us

Други спортови

Лузерка на годината: Ги омаловажуваше другите, мислеше дека освои злато, но на крајот беше втора

-Квалитетот на трката ќе биде најнизок од сите во последните неколку години. Половина од добрите натпреварувачи, останаа дома. Титулата светски првак е поважна и повреда од оваа на олимписките игри. Ова го изјавуваше велосипедистката од Холандија Анемик ван Влејтен пред трката.

Но, сепак на крајот испадна најголема лузерка. Таа беше убедена дека ќе го освои првото место и златниот медал. Впрочем, кога ја помина целта беше убедена дека е „златна“, но на крајот свати дека завршила на второто место.

На трката победи, неочекувано, 30-годишната Австријка Ана Кисенхофер, која приреди сензација. Нејзиното најголемо достигнување беше 44 место на Светско првенство, а во последните години воопшто немаше професионален тим.