Други спортови
Ма каква епска битка, Ѓоковиќ го збриша Надал
Се најавуваше како епска битка помеѓу великаните, но пресметката помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на ОИ во Париз помина во доминација на српскиот тенисер. Во 16-финалето Ѓоковиќ славеше со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4) со целосна доминација. Овој меч се покажа дека Рафаел Надал, иако еден од најголемите на сите времиња, сепак во моментов не е за големи мечеви.