Connect with us

Други спортови

Мадрид сака да биде домаќин на Формула 1

Од Мадрид стапиле во контакт со челниците на Формула 1 за да одржат трка на патеката Харама, која се наоѓа на десет километри од шпанската престолнина, објави весникот „Марка“.

Идејата е Мадрид да почне да биде домаќин на Формула 1 коло од 2026 година, кога истекува договорот на патеката кај Барселона, каде што секоја година се одржува трката и каде се одржуваат претсезонските тестирања.

За да се случи тоа, треба да се реновира патеката Харама, која, сепак, според експертите на RACE, не е толку тешка и скапа.

Извршниот директор на Формула 1 групацијата, Стефано Доменикали, веќе остварил контакт со мадридските власти во врска со операцијата за ставање на Мадрид во календарот на најтехнолошкиот спорт на планетата.

Реновирањето на патеката се очекува да чини меѓу 40 и 50 милиони, по што може да се започне со финализирање на договорот со ФИА.