Connect with us

Фудбал

Магијата на Меси плус Кутињо за победа на Барселона

Барселона нова сезона ја отвори со победа.

Каталонскиот тим на Камп Ноу во првото коло од Ла Лига го угости Алавес, а на крајот домашниот тим со многу мака издвои победа од 3:0.

Барса доминираше за време на целосен натпревар. Имаа многу шанси, но топката не сакаше да влезе во голот.

Алавес се бранеше до 64. минута кога Меси постигна прекрасен гол од слободен удар за предност на Барса од 1:0.

Оваа погодок беше 6000. гол на Барселона во Ла Лига а Реал е пред нив со 6041 постигнати голови.

Барселона имаше уште неколку можности за поубедливо да победи на овој натпревар. Во 83. минута, Кутињо постигна гол за 2:0, а во судиското надополнување Меси постигна уште еден гол за убедливи 3:0.

Барселона – Алавес 3: 0 (Меси 64 ‘, 90 + 2’, Кутињо 83 ‘)