Connect with us

Други спортови

Магијата на Олимписките игри, брат и сестра во ист ден освоија златен медал

Јапонски џудисти станаа првите брат и сестра во историјата на Олимписките игри кои освоија златен медал во ист ден.

Семејството Абе имаше вечер за паметење во легендарната сала за боречки вештини „Нипон Будокан“ во Токио, откако Ута Абе освои злато неколку часа по нејзиниот брат Хифуми.

Дваесет и едногодишната Ута славеше во категоријата до 52 килограми, совладувајќи ја Французинката Аманден Бушар во финалето, додека две години повозрасниот Хифуми стана олимписки првак во категоријата до 66 килограми. Во борбата за злато, тој го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили.