Кошарка
Мајами Хит се засили од Лејкерс
Актуелниот вицешампион во НБА, Мајами Хит се засили од редовите на актуелниот шампион на Лос Анџелес Лејкерс.
Имено, Мајами во своите редови го донесе Ејвери Бредли, кој во изјава за американските медиуми објасни зошто го избрал Хит.
“Секогаш ми се чинеше дека ако имам шанса да играм на Хит ќе бидам совршен. Знаев дека ќе ја прифатам понудата ако имам шанса”, рече Бредли.
“Воодушевен сум затоа што мислам дека сум совршен за овој тим. Сите знаеме што значи да се биде играч на Мајами. Потребни се страст и посветеност да се биде дел од оваа култура”, додаде овој кошаркар.