Кошарка
Мајк Џејмс потпиша рекорден договор со Монако
Американецот Мајк Џејмс се враќа во Европа, откако потпиша соработка со Монако. Џејмс стана најплатен играч во Франција, а Монако доби одлично засилување со кое сака да биде поконкурентен во елитното кошаркарско натпреварување.
Тој поради проблеми со управата на ЦСКА Москва беше суспендиран во јануари по што во пролетниот дел настапуваше во НБА-лигата во дресот на Бруклин.
Претходно, Џејмс во кариерата настапуваше и за Панатинаикос, Њу Орлеанс, Феникс, Басконија, Хапоел, Загреб и Олимпија Милано.