Други спортови
Мајк Тајсон има понуда од 20 милиони долари на маса, но ќе мора да ги извади ракавиците
На легендарниот боксер Мајк Тајсон му е понудена борба која може да му донесе заработка од дури 20 милиони долари.
Претседателот на „Bare Knuckle Fight Championshipa“, Дејвид Фелдман го сака Тајсон во неговата промоција, а славниот боксер може да оствари огромна добивка од тоа.
Тој ги има најдобрите борци од споменатата организација пред себе, но единствениот услов е Мајк да ги извади ракавиците.
„Ние му понудивме на Тајсон 20 милиони долари да се бори во нашиот ринг, но исто така сме отворени за различни опции со кои да соработуваме. Возбудата што ја чувствувавме кога видовме снимки од тренингот на Мајк и неговата желба да настапи на натпревари нè инспирираше да пристапиме кон него со понуда“, рече Фелдман за Heavy.com.
Шанон Бригс, друг поранешен шампион во тешка категорија, кој е пет години помлад од 53-годишниот Тајсон, се појавува како потенцијален ривал.
Мајк неодамна покажа на една тренинг сесија дека силата во неговите удари не исчезна, а дали е подготвен за друга борба и нова заработка на пари останува да се види. Сигурни сме дека тој добро ќе ја разгледа оваа понуда.