Поврзи се со нас

Други спортови

Мајк Тајсон повторно ги покажа своите мускули, изгледа нереално за 54-годишникот (ВИДЕО)

Мајк Тајсон е подготвен да се бори против Рој Џонс, натпревар кој е закажан за 28-ми ноември.

За Мајк ова ќе биде прва борба во последните 15 години, а тој напорно работеше последните месеци за да го зајакне своето тело.

54-годишниот поранешен шампион уште еднаш ги покажа мускулите како гостин во емисијата „Danger Talk“ и може да се каже дека неговите раце изгледаат импресивно.

“Погледни го ова. Ајде, човече. Погледни го ова. Јас сум карпа. Јас сум убав”, рече Тајсон откако ја соблече кошулата.

Погледнете ја сцената во видеото од 45:40 часот.

Инаку, егзибициската борба помеѓу Тајсон и Џонс ќе има осум рунди и многу фанови со нетрпение ја очекуваат нивната пресметка.

loading...

Facebook