Connect with us

Други спортови

Мајк Тајсон повторно во рингот!

Мајк Тајсон се враќа во рингот.

Откако на крајот на ноември минатата година направи егзибициски натпревар со Рој Џонс, кој заврши нерешено, Тајсон нема намера да застане и сака да се бори повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Железниот Мајк синоќа објави дека ќе направи нова борба на крајот на мај.

„Кон крајот на мај, повторно се борам, на 29-ти или 31-ви, нешто слично, во истиот ринг каде што последен пат се борев“, рече Тајсон во својот подкаст до мексиканскиот шампион Канел Алварез.

Канело го одигра својот последен натпревар на стадионот „Хард рок“ во Мајами и ќе биде интересно да се види со кого Тајсон влегува во рингот.

Во последните месеци се споменува нов дуел со легендарниот Евандер Холифилд, но сè уште ништо не е потпишано официјално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Сепак, името на ривалот треба да се знае многу брзо и уште еднаш ќе имаме шанса да уживаме во ударите на славниот Мајк.