Connect with us

Други спортови

Мајк Тајсон претепал младо момче во авион кое го исмејувало (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон претепа момче во авион кој го исмејуваше.

Железниот Мајк позираше со ова момче пред летот. Сепак, подоцна го исмејуваше Тајсон седејќи зад него. Тој брборел, навредувал, а потоа Мајк се свртел и почнал немилосрдно да го тепа, што му нанело бројни повреди на лицето.

Уште во 2020 година, во едно интервју, Тајсон најави дека социјалните мрежи некого скапо ќе чинат. Тој смета дека грубоста кон нив ги поминала сите граници.

„Социјалните мрежи направија многумина да се опуштат во исмејувањето на другите без да бидат тепани поради тоа“, рече Тајсон во 2020 година.

Не сакаше повеќе да ги трпи навредите што ги добиваше. Тој реши да реагира и му зададе неколку удари на момчето кое беше навистина многу арогантно.