Фудбал
Мајка на Кавани: Единсон направи сé што е можно, но …
По изјавите на претседателот на Атлетико Мадрид, Черезо против Единсон Кавани, се огласи и мајката на уругвајскиот играч Берта Гомез.
„Зборовите на претседателот се несоодветни. Тие нè повредија, не е вистина дека Волтер (братот на напаѓачот) побара бонус“, рече таа за АС.
„Кавани не отиде во Атлетико бидејќи ПСЖ не беше задоволен од нивната понуда. Мојот син направи се што е можно за да дојде во Атлетико. Тој беше подготвен да прифати и помала плата“.
„Тој сакаше да игра за Чоло. Ако сакаше пари, тој ќе замине во Манчестер Јунајтед, Челзи или Интер Мајами. Мојот син е професионалец.“
„Дали е можно трансфер во текот на летото? Да, но претседателот мора да се извини. Мојот син ќе има понуди, но сепак се надева дека ќе замине во Атлетико“.