Connect with us

Фудбал

Македонец денеска потпишува за Јувентус!

Дејан Кулушевски денеска ќе стане играч на Јувентус, кој ќе плати 35 милиони евра за неговите услуги на Аталанта. Кулушевски есента настапуваше како позајмен играч на Парма, а денеска е на медицински прегледи во Торино. Се очекува попладнево да стане соиграч со Кристијано Роналдо.

Кулушевски е играч кој има потекло од Македонија, но од пред два месеци одбра да игра за Шведска. Тој настапуваше и за младите категории на нашата репрезентација, меѓутоа никогаш не доби шанса за сениорите, и Шведска тоа го искористи, му даде прилика, играше на еден меч, и сега повеќе не ќе може да ја смени селекцијата.

Оваа сезона Кулушевски „ескплодираше“ во дресот на Парма каде настапува како позајмен. Но Аталанта го врати од позајмица, и сега ќе го продаде на Јувентус.

Воедно, тој ќе стане вториот најскап фудбалер роден во новиот век после Винициус од Реал Мадрид кој чини 42 милиони.