Тајмаут
Македонец дизајнираше посебни патики за Новак Ѓоковиќ (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ доби специјална пратка додека престојуваше во Лондон за Вимблдон 2025 – пар бели Asics патики со персонализирана уметност, уште еден проект во низата на дизајнирани патики од компанијата Swithadot Studios.

Она што е интересно за нас е тоа што оваа компанија е основана и е во сопственост на нашиот сограѓанин Сатја Грабулоски. Неговиот бизнис прерасна во тим со над 30 уметници ширум светот, кои креираат уметност на патики за познати личности како Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и многу други. Иако фудбалот е главен спорт за Swithadot, преминот кон тенисот е предизвик за Грабулоски.
„Тенисот е област на која планираме многу повеќе да се фокусираме во иднина,“ рече Грабулоски додавајќи „Мојот омилен проект досега дефинитивно е парот OneOfAKindS создаден за Новак Ѓоковиќ. Тој е неспоредлив во секој поглед.“
Сторијата ја објави угледниот „Форбс“.