Connect with us

Други спортови

Македонец со својот тим стана првак во Дота 2, освоија 8,5 милиони долари

Професионалниот македонски е-спорт играч, Мартин Саздов – Сакса денеска со неговиот тим Tundra Esports го освои трофејот на Светското првенство во познатата игра Дота 2.

Тимот на Мартин во финалето го победи  Team Secret со 3-0.

Првенството во Дота 2 има награден фонд од 19 милиони американски долари. Светскиот првак Tundra Esports  добива 8,5 милиони долари.