Connect with us

Кошарка

Македонец тренер на руски тим!

Македонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ е нов тренер на руски Автодор. Договорот е потпишан за сезоната 2021/2022. Во стручниот штаб ќе бидат и Марко Величковиќ и Владислав Коновалов.

Рајковиќ е поранешен тренер на Работнички, Куманово, Фени Индустри, МЗТ Скопје, Вардар Империјал, Астана, Сласк Вроцлав, ФОН универзитет.

Три пати ја освоил шампионската титула во Македонија, два пати Купот и еднаш БИБЛ лига со Фени Индустри.