Фудбал
Македонец во составот на Јувентус за дербито против Интер кое се игра утре вечер (ФОТО)

Утре вечер се игра дербито во Серија А помеѓу Интер и Јувентус или попознато како „Дерби на Италија“. Во составот на тимот од Торино се најде и Никола Секулов, кој досега беше член на младинскиот погон на Јуве, а сега се најде на списокот на Масимилиано Алегри со фудбалери кои ќе патуваат на гостувањето во Милано.
I convocati in partenza per Milano 🔜#InterJuve pic.twitter.com/5TyLDKNRlK
— JuventusFC (@juventusfc) March 18, 2023
Тој е роден во Пијаченца, Италија, но има македонско потекло. Има играно за македонските репрезентации за играчи до 17 години, но потоа одлучи да го облече дресот на селекцијата на Италија, па настапуваше за репрезентациите до 17 и 18 години на оваа земја.
Тој е млад играч, кој игра во средниот ред и нападот, а порано има дадено изјава дека сака да игра за Италија.
