Connect with us

Други спортови

Македонецот Алекс го нокаутира Мендес

Борецот роден во Австралија кој има македонско потекло, Алекс Велики Волкановски, ја забележа шестата победа по ред во УФЦ шампионатот, откако го совлада Чад Мендес со технички нокаут во четвртата рунда. Ова беше дуел во перолесна категорија, по кој Алекс се етаблира меѓу најсериозните кандидати кога во прашање е борбата за шампионскиот појас. Битката беше жестока и двајцата борци имаа свои шанси, но Волкановски прв дојде до можност за финиширање и успеа во тоа.

  • Само сакав да победам и да се искачам на ранг-листата борци во мојата категорија. Ова беше борба што ја посакував иако бев свесен дека Мендес е најтешкиот противник во мојата дивизија. Тој е фантастичен, но јас сум Александар Велики и никој не ми може ништо, изјави Волкановски.