Connect with us

Други спортови

Македонецот Бузалковски го промовираше новиот дизајн на моторот со кој ќе ја брани титулата европски првак

Познатиот македонски шампион во брзински мотоциклизам, Христијан Бузалковски, денес, заедно со својот тим ,71 Team’’, во Скопје Сити Мол, одржа прес за престојната сезона и го промовираше новиот дизајн од класата 600 кубни сантиметри со кои ќе настапува на БМУ Европскиот шампионат.

За љубителите на овој спорт и цела македонска јавност, моторите од повисоката класа F600 со кои нашиот европски шампион ќе ја брани титулатаќе бидат изложени заклучно со 29ти, вторник, во Скопје Сити Мол.

,,Среќни сме што оваа сезона имаме можност да ги претставиме моторите во Skopje City Mall и да го доближиме мото спортот за момент поблиску до пошироката јавност. Оваа сезона ќе настапиме на БМУ Европскиот шампионат во класата F600 и наша цел ќе биде да ја одбраниме титулата. Огромна благодарност до сите што нѐ поддржуваат на секаков можен начин, а ние ќе се потрудиме да Ве направиме горди’’– изјави Бузалковски кој и  покрај тешките предизвици, минатата сезона успеа да оствари  дури две победи на трките на кои се натпреваруваше.

Тимот ,,71 Team’’ веќе следната недела тргнува за Серес во Грција, на последните припреми, односно на финалниот тест пред да почне сезоната. Самиот шампионат стартува токму од таа патека, на 8ми април, а Бузалковски и екипата, со позитивна мисла и верба во себе, ќе дадат сѐ од себе да ја одбранат титулата и повторно да ја направат Македонија горда.

За потсетување, Христијан љубовта кон брзинскиот мотоциклизам ја добил уште од мали нозе, од неговиот татко, кој вози повеќе од 30 години, а својот прв вистински мотор го добил на 13 годишна возраст.

Со првата европска титула во БМУ, Бузалковски се закити во 2018 година.