Други спортови
Македонецот го „разби“ противникот, Александар „Велики“ ја одбрани титулата во УФЦ (ВИДЕО)
Три рунди му беа потребни на Александар Волкановски за да го совлада Јаир Родригез и по петти пат да ја одбрани шампионската титула во УФЦ во перолесна категорија. Утринава во Лас Вегас славеше со прекин во трета рунда. Волкановски, кој има македонско потекло (татко му е Македонец) но, се натпреварува под знамето на Австралија, доминираше во пресметката со Мексиканецот. Победи со технички нокаут.
Волкановски кого го нарекуваат Александар Велики пред и по борбите, ја забележа 12-тата победа без пораз по ред.
Во февруари годинава Волкановски загуби од Ислам Махачев откако се обиде да оди една категорија погоре за да унифицира две шампионски титули, но беше поразен на поени од бранителот на појасот.
Инаку, Волкановски има 34 години. Роден е во Австралија. Неговиот татко е Македонец, а неговата мајка е гркињка. Во една прилика кога го прашале зошто го користи прекарот Александар Велики, тој одговорил дека поради неговото потекло, татко Македонец, а мајка Гркињка.