Фудбал
Македонецот погоди за 0:1, а потоа ретко виден фер плеј во Турција, намерно промашија пенал (ВИДЕО)
Вистинска драма се случуваше на мечот Газијантеп и Гозтепе за кој настапува македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. Немаше голови се до судиското продолжение, а потоа драма. Најнапред токму Јаховиќ погоди за 0:1 во 92-та минута, а четири минути подоцна домаќините израмнија на 1:1. Во 99-та минута судијата досуди пенал за Газијантеп, иако голманот немал контакт со противнички играч. Топката ја зема Мухамед Демир и во името на фер плејот намерно го промаши пеналот.