Ракомет
Македонија “А“ ја надигра Бугарија
Својот прв натпревар на меѓународниот турнир на кадетски репрезентации го одигра и нашата прва кадетска репрезентација. Во Автокоманда, Македонија “А“ ја надигра Бугарија, која ја совлада со резултат 31:22 (16:12).
Тешка борба водеа нашите кадети во воглавно израмнетото прво полувреме. Дури во финишот на првиот дел Македонија успеа да направи серија од 4:0 и го доби овој период , со резултат 16:12.
Во второто полувреме Македонија не му даде шанса на противникот. Нашите репрезентативци одиграа сигурно и не само што ја сочуваа предноста од првиот дел, туку и ја зголемија до конечните +9, 31:22.
Утре Македонија “А“ ќе го одигра и својот втор натпревар на турнирот, а противник ќе ни биде селекцијата на Србија, која денеска ја совлада нашата втора селекција.