Поврзи се со нас

Кошарка

Македонија доби нов Американец: Со задоволство ќе играм за овој дрес

Кошаркарот на шпанскиот ACB лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

„Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова“– изјави Вајли по доаѓањето во Скопје.

Американецот веќе одработи и еден индивидуален тренинг во СРЦ „Кале“, се со цел максимално подготвен да ги дочека пресметките со Италија и со Естонија.

„Не сум се сретнал со моите нови репрезентативни колеги, секако поради овие околности во кои живееме во изминатиот период. Но јас сум доста адаптабилен тип. Мислам дека брзо ќе воспоставиме добри вибрации со соиграчите. Очекувам и јас и моите соиграчи да го дадеме последниот атом на енергија, да вложиме максимален напор, и да тргнеме во она што од нас се бара – да победуваме!“- дополнува новиот Македонец.

По доаѓањето во Македонија, Вајли немаше многу време поради административни проблеми, па одработи само краток тренинг во СРЦ „Кале“. Тој викендов ќе се врати во Шпанија и ќе игра за Гран Канарија, а потоа ќе одговори на репрезентативниот повик од Тодоров.

loading...

Facebook