Фудбал
Македонија – Ерменија, што вели историјата? Имаме повеќе победи, но помалку голови
Во пресрет на вечерашниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација, правиме и преглед на историјата и што се случувало помеѓу Македонија и Ерменија како две репрезентации. Во продолжение сите одиграни натпревари. Заклучокот од истите е дека имаме повеќе победи, но помалку постигнати голови.
Традицијата е на страната на Македонија, бидејќи од девет меѓусебни средби, имаме четири победи, наспроти трите на Ерменија и двете ремија. Сепак, два од трите триумфи на Ерменците се со по четири дадени голови (4-1, 4-0), па не може баш да се потпреме на традицијата бидејќи стандардно тимовите се играат цврсти натпревари.
10.05.1995 (квалификации за ЕП)
ЕРЕВАН: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:2
(Р.Григорјан, А.Шахгелдјан/Ѓ. Христов, Љ. Марковски)
06.09.1995 (квалификации за ЕП)
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 1:2
(Т. Мицевски/Р. Григорјан,А. Шахгелдјан)
18.08.2004 (квалификации за СП)
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 3:0
(Г. Пандев, А. Шаќири, В. Шумуликоски)
04.06.2005 (квалификации за СП)
ЕРЕВАН: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:2
(Е. Манучарјан/Г.Пандев-2)
07.09.2010 (квалификации за ЕП)
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:2
(Мар. Ѓуровски, И. Наумоски/Ј. Мовсисјан, Е. Манучарјан)
07.10.2011 (квалификации за ЕП)
ЕРЕВАН: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:1
(Х. Мкхтарјан, Г. Газарјан, М. Пицели, А. Саркисов/В. Шиков)
09.09.2018 (лига нации)
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:0
(Е. Алиоски, Г. Пандев)
16.10.2018 (лига нации)
ЕРЕВАН: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:0
(М. Пицели, Ј. Мовсисјан, Г. Газарјан, Х. Мкхтарјан)
05.09.2020 (лига нации)
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:1
(Е. Алиоски, И. Несторовски/Т. Барсегјан)
Македонија замина за Никозија без осум првотимци, така составот ќе биде без капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми, Енис Барди и Столе Димитриевски, кои не настапија на средбата со Естонија, на Бобан Николов и Стефан Спировски (жолти картони), Кире Ристевски (решение за изолација), Езџан Алиоски (повреда), а нема да игра и Ељиф Елмас. Со проблеми се соочи и селекторот Капарас и за Ерменија нема да играат Газ Газарјан, Саргис Адамјан, Андре Чалишер и Григор Меликсетјан.