Фудбал
Македонија – Германија во Скопје на 11 октомври 2021 година
Германците и нивното гостување во Скопје за нас е најголемиот настан за Мундијалот во Катар во 2022 година. За прв пат ќе се сретнеме со „Панцирите“ во еден квалификациски циклус, а тој меч е закажан за 11 октомври 2021 година.
ФИФА го објави календарот за мечевите во новиот циклус кој во четири термини треба да се одигра, па во март нѐ чекаат три пресметки, исто како и во септември, додека во октомври и ноември ќе играме вообичаено по два меча.
Стартот на квалификациите ни е закажан за 25 март во Романија од 20.45 часот, следен меч е со Лихтенштајн на 28 март од 20.45 часот со Лихтенштајн, а на 31 март ѝ гостуваме на Германија од 20.45 часот.
