Connect with us

Други спортови

Македонија го доби и петтиот спортист, Еди Шерифовски потврден за Олимписките игри во Париз 2024

Македонија го доби и петтиот Олимпиец кој ќе биде дел од Олимпијадата во Париз. Еди Шерифовски, најдобриот македонски џудист во категоријата до 81 кг, ќе учествува на Олимписките игри во Париз 2024, благодарение на заедничката одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација.

Ова ќе биде трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во Џудо, следејќи ги Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи во Токио 2020.

Меѓу другите македонски претставници на овие Игри ќе бидат и Владимир Егоров во борење, Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Мила Рељиќ во таеквондо и атлетичарот Дарио Ивановски.

Advertisement