Connect with us

Ракомет

Македонија го победи Чиле и обезбеди место во главната групна фаза на СП

Репрезентацијата на Макеоднија со 32:29  ја победи репрезентацијата на Чиле и со ова обезбеди место во главната групна фаза на Светското првенство во ракомет кое оваа година се одржува во Египет.

Овој триумф значи дека македонските репрезентативци ќе го продолжат престојот на турнирот и ќе играат во следната фаза, каде ќе разигруваат со најдобрите од групата Х.

Во продолжението на првенството, Македонија ја чекаат натпревари против Белорусија, Русија и Словенија. Првиот меч е на програмата в среда.