Connect with us

Кошарка

Македонија годинава нема да има шампион

По долгите консултации и анализи, Управниот одбор на Кошаркарската федерација донесе одлука сезоната да биде прекината, односно да биде прогласена за завршена. Нема да има шампион, нема да има испаѓање, а двете екипи од Втора лига да бидат промовирани во прволигаши.

Ваква одука е донесена по состанокот и консултациите со прволигашите дека нема услови да продолжи сезоната поради епидемијата со Коронавирусот.