Фудбал
Македонија ЃП се засили со Христијан Пецов
Нов член на освојувачот на Купот на Македонија е Христијан Пецов, фудбалер од кого се очекува да ја донесе потребната свежина и цврстина во одбраната на „лавовите“.
Пецов се враќа во екипата од Ѓорче Петров од тимот на Скопје, а ова ќе му биде втор мандато во дресот на „лавовите“, каде што играше во 2020 година.
Покрај Ѓорче Петров и Скопје, десниот бек во кариерата беше дел и од Работнички.