Фудбал
Македонија ЃП во судиското надополнување до победа над Академија Пандев
Во 20. коло од ПМФЛ, Македонија ЃП ја пречека Академија Пандев, а 90 минути игра не беа доволни за двете екипи да постигнат гол и резултатот остана 0:0.
Македонија ЃП одлично го започна натпреварот и за разлика од Академија Пандев кој немаше ниту една сериозна заакана по голот на домаќинот.
Во 32. минута од натпреварот Китановски имаше одлична шанса да го отвори натпреварот, но стативата беше сојузник на Чубраковиќ, а по само четири минути игра, односно во 36. минута Божиновски исто така имаше одлична шанса, но резултатот остана непроменет.
Интересен момент се случи во 62. минута од натпреварот кога судијата Маријан Марковски поради повреда беше заменет со четвртиот судија на натпреварот, Благојче Ралевски.
Во 64. минута од натпреварот беше покажан црвен картон на фудбалеерот на Академија Пандев, Стефан Костов. Јашароски беше во налет, а Кристов со топката која се најде во неговите раце, ја турна топката од нозете на Јашароски, и поради ова беше исклучен од игра.
Академија Пандев откако остана со играч помалку на теренот значително ја подобри играта. Во 74. минута одбиената топка стигна во Дориев кој упати силен шут, но резултато остана 0:0.
во 79. шанса за домашната екипа има Блажевски кој со глава се обиде да го совлада противничкиот голман, но повторно резултатот остана 0:0.
Крајот на натпреварот беше интензивен и за двете екипи. Академија Пандев имаше две шанси да дојде во водство, во 85. минута прек Мујеци, а само една минута потоа Стојкоски погоди пречката.
Македонија ЃП дојде до победата и посакуваните три бода во судиското надополнување. Во 90+7. минута, нововлезениот играч на Академија Пандев, Најденов играше со рака во шеснаесетникот и беше досуден пенал за домашната екипа. Блажевски беше прецизен од белата точка и ја донесе победата на Македонија ЃП
Академија Пандев моментално се наоѓа на 5. позиција на табелата со 27 освоени бодови, а Македонија ЃП со 29 бодови се наоѓана 4. позиција на табелата.