Поврзи се со нас

Фудбал

Македонија игра како во транс, нова победа за прво место во групата

Македонската репрезентација уште еднаш докажа дека е во одлична форма и ја оправда улогата на фаворит на натпреварот против Естонија, каде издвојува победа со 2:1 во рамките на групната фаза од Лигата на нации.

Резултатот го отвори Иван Тричковски во 29. минута од натпреварот и му донесе водство на Македонија од 1:0. Овој резултат остана непроменет до крајот на првото полувреме.

Во 52. минута од натпреварот Естонија успеа да стигне до изедначување на резултатот. Рауно Сапиен беше прецизен и погоди за 1:1.

Сепак на крајот славеше нашата репрезентација. Влатко Стојановски со прекрасен го со глава во 68. минута од натпреварот стави точка на натпреварот и му донесе победа на Македонија од 2:1.

Македонија сега е на првото место на табелата со 9. бодови, а Естонија е на 4. место на табелата со 2 освоени бодови.

loading...

Facebook