Други спортови
Македонија има светски првак, Димитар Ѓорѓиев по четврти пат првак во кик-бокс
Четврта светска титула за најдобриот македонски кик боксер Димитар Ѓорѓиев. Тој зад себе има и златен медал од европско првенство освоено во 2018-та година. Денес, благодарение на него, Македонија има свој светски првак. Ѓорѓиев стигна до златото на Светското првенство во италијанскиот град Језоло.
Ѓорѓиев се натпреваруваше во категоријата лоу-кик, до 81 килограми и ја потврди доминацијата. Во финалето беше супериорен против Босанецот Никола Дробњак кого го победи со 3:0. Претходно со истиот резултат славеше против Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.