Фудбал
Македонија има свој Меси, тоа е Енис Барди, погледнете го овој гол, ја измеша цела одбрана (ВИДЕО)
Македонија славеше со 2:0 на гостувањето кај Гибралтар, иако не одигра како што треба. Сепак, на крајот се брои победата, а таа е обезбедена со головите на Енис Барди и Бобан Николов.
Особено прекрасен беше голот на Барди кој ја „измеша“ цела одбрана на Гибралтар во стилот на Меси и постигна гол за 1:0. Во вториот дел Николов само ја потврди победата.