Други спортови
Македонија има златно тениско момче, Калин Ивановски освои пехар во Грција
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски триумфираше на ИТФ турнирот во Хераклион што се играше за награден фонд од 15.000 долари.
Ивановски кој на турнирот беше поставен како трет носител во два сета со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 51 минута го совлада првиот фаворит Себастијан Гима од Романија.
На патот кон уште еден триумф на ИТФ турнирите, Ивановски во Грција стигна без загубен сет.