Connect with us

Други спортови

Македонија ја победи БиХ, за полуфинале чека победа на Романија над Албанија

Македонската машка одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман во полуфиналето во Европската сребрена лига, откако попладнево со максимални 3-0 во сетови ја совладаа БиХ на гостувањето во Тузла.
За македонските одбојкари ова беше последен натпревар во групната фаза, а одлуката дали ќе се пласира на завршниот турнир во Будимпешта ќе биде позната утре по дуелот меѓу Романија и Албанија.
Македонија ќе обезбеди полуфинале како второпласирана во групата Б само доколку лидерот Романија ја совлада Албанија со 3-0 или 3-1 во сетови.