Ракомет
Македонија ќе мора преку два баража на СП во Египет
Македонија го заврши настапот на Европското првенство 2020 година на петнаесеттото место, што е пресликан пласман како на Мундијалот во ланската година во Германија.
Мундијалот во Египет ќе биде проширен, ќе играат 32 репрезентации, а системот на квалификации се менува. Европа на овој собир ќе има 14 претставника, а трите најдобри селекции на ова првенство ќе играат директно, заедно со светскиот првак Данска.
Првата рунда од баражот за Светското првенство се игра на 15/16 април, односно 18/19 април, додека втората рунда од баражот ќе биде на 5/7 или 9/11 јуни. Ждрепката за првиот плеј-оф ќе биде на 30 јануари во Виена.