Фудбал
Македонија – Косово ќе може да се гледа на МРТ и Спорт Клуб 3
Натпреварот кој се одигрува во рамките на квалификациите во Лигата на Нации, Македонија – Косово ќе може преку директен пренос да го следиме на македонската телевизија и Спорт клуб 3 каналот.
Според најавите од МРТ, преносот ќе започне во 20:35 часот, односно 10 минути пред стартот на мечот на стадионот „Тодор Проески“, кој ќе биде без публика поради мерките за превенција поради пандемијата.