Connect with us

Фудбал

Македонија мора да биде максимално претпазлива и организирана, Украина ја намачи Германија во меч со шест голови!

Селекциите на Германија и Украина одиграа пријателска средба која заврши без победник 3:3. Украинците имаа водство од 3:1 до последните десетина минути од мечот, кога Германија сепак успеа да избегне пораз. Сиганков од Жирона постина два гола за Украина, а еден беше автокол на Рудигер. Германија поведе преку Фулкруг уште во 6-та минута, но потоа прими три гола, па на крајот во 83-та преку Хаверц и Кимих 91-ва од пенал се спаси од пораз.

Во петок во 20:45 часот Украина гостува во Скопје, на Македонија, од квалификациите за пласман на ЕП. Двете селекции досега одиграа по еден меч, Македонија ја совлада Малта со 2:1, додека Украина загуби од Англија со 2:0. Во оваа групата Ц, покрај Македонија и Украина, се наоѓаат уште Англија, Италија и Малта.